Куче изело 4.000 долари: Сопствениците чекале да поврати, па ги лепеле банкнотите

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Кучето, по име Сесил, од Пенсилванија изело 4.000 долари кои неговите сопственици Клејтон и Кери Ло ги издвоиле за работа на мајстори.

На почетокот на декември, Клејтон Ло оставил плик со 4.000 долари на кујнскиот пулт во неговиот дом во Питсбург, Пенсилванија, наменет за мајстори кои ја поставувале нивната ограда.

Околу 30 минути подоцна, Клејтон го нашол својот миленик како ужива во најскапиот оброк во својот живот, јавува Би-Би-Си.

„Одеднаш, Клејтон извика: ‘Сесил јаде 4.000 долари!’“, изјавила Кери Ло во интервју за Pittsburgh City Paper.

Сопствениците потоа го повикале ветеринарот, кој им рекол дека е потребно само да го надгледуваат нивното куче.

Кога Сесил почнал да го повраќа она што го изел, сопружниците ги залепиле уништените банкноти од 50 и 100 долари.

Банката ги заменила повеќето залепени банкноти, но не успеале да повратат 450 долари. Слична ситуација се случила и во 2022 година, пренесува Newsweek, кога лабрадор на жена од Флорида ѝ изел 2.000 долари.

Слични содржини