Куче во Грција цели 18 месеци чека на местото на кое загинал неговиот сопственик

од desk4
154 прегледи

Минувачите добро  го познаваат тоа куче во Грција кое веќе година и половина стои на патот во близина на Нафпактос, и тоа точно на местото каде во автомобилска несреќа загинал неговиот сопственик

https://youtu.be/B3BQCppnrHg

Харис, кој имал 40 години, трагично починал откако го удрила мешалка за цемент. Иако домот во кој живеел со кучето е одалечено околу 12 километри од местото на несреќата, кучето точно знае каде тоа се случило и не сака да се поместува од таа локација.

Локалните жители пробале да го вдомат, но тоа постоја но се враќало на местото на несреќата. Со текот на времето се откажале од обидите, но затоа на верното куче му направиле куќичка на тоа место и редовно му носат храна и вода.

Го нарекуваат „Грчкиот Хачико“, според кучето кое живеело во 20-те години во Јапонија и со години чекало  под железничката станица во Токио откако сопственикот му починал од мозочен удар, и никогаш не се вратил. На тоа место во Јапонија има и споменик за кучето а строијата е  филмувана.