– Волјата на граѓаните треба да се почитува, но треба да бидеме претпазливи и да видиме дали концесионерите ги имаат завршено сите нивни обврски и дали е се согласно Законот за минерални суровини и законите кои се под ингеренции на Министерството за животна средина, рече министерот за економија Дритон Кучи.
Македонија донесе стратегија за привлекување на странски инвеститори во рударството. Таа е меѓу најевтините во Европа и концесиската стапка, но и самото законодавство и пракса се во полза на концесионерите.
. Поради отворениот коп, потенцијалните опасности од влијание врз почвата и водата, како и пуштање на опасните хемиски средства меѓу кои цијанид и арсен во природата и долготрајно уништување на плодната почва е граѓанскиот отпор за отворање на рудници со злато во нивните општини.