„Веројатно постои неофицијална политика на влевање омраза кон Бугарија во Република С. Македонија“, изјавил бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, за „bTV“.
Кучук говорел на темата за македонско-бугарските односи, прашувајќи кој „палел знамиња и кој ја блокирал работата на Заедничката комисија за историски прашања“. Сепак, сите негови коментари биле во духот дека без дипломатија и подадена рака, нема да има напредок во приближувањето.
-Треба ли да го поставиме прашањето кој провоцира. Очигледно има проблем. Ова го вели и мојот извештај до Европскиот парламент, но големото прашање е зошто Бугарија не го спречи тоа претходно за да не стигне до оваа критично точка во која што е сега, додал европратеникот.
Во последниве десетина дена пред изборите во Бугарија кои ќе се одржат в недела, стигнаа речиси исто толку реакции и изјави од Софија, а Скопје возврати на една- на спотот на потпретседателот на ВМРО-БНД Ангел Џамбаски со територијални претензии кон Македонија.
Претходно министерството за надворешни работи на соседната земја реагираше и за извештај на словенечкиот институт ИФИМЕС во кој Софија тврди дека се навредува Бугарија, а го поврзува со македонската влада.