Предлогот на Република Северна Македонија за конкретно име да биде бугарски министер за надворешни работи во евентуалната идна влада не му помага на министерството, бидејќи секој предлог од надвор за бугарски министер би бил се протолкувал како негативен, вели за „БНТ“ дипломатот и поранешен заменик министеро за надворешни работи на Бугарија, Љубомир Ќучуков.
Според него, Бугарија е под многу силен меѓународен притисок да го укине своето вето.
Дипломатот смета дека е важно да се види дали ставот на Кирил Петков и Асен Василев за нов пристап во преговорите со Република Северна Македонија ќе се трансформира во можна коалициска платформа на идната влада и ќе стане државна политика на Бугарија.
Според него, позитивен факт е дека постои подготвеност за дијалог од страна на Бугарија, бидејќи дијалогот е единствениот начин да се најде решение.
Ќучуков истакна дека рокот за Бугарија да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ е прекраток.
-Во сегашните услови, пред самитот на ЕУ, кога кај нас претстојат преговори за формирање влада, нема начин да се донесе таква одлука, потенцира дипломатот.