„Преку договорот од Преспа и преку севкупната ваша домашна и меѓународна политика вие сте пример за моќта и важноста на дијалогот и кога е во прашање водење успешен дијалог, можеме да учиме од вас“, порача на средбата со премиерот Зоран Заев претседателката на Сенатот на Шпанија, Марија Пилар Љоп Куенка.
Куенка на средбата рече дека овие остварувањата на земјата, се резултати и на лидерството на земјата во овие четири години, особено заради ангажманот на премиерот Заев.
Претседателката на шпанскиот Сенат потенцираше дека Шпанија продолжува силно да ја поддржува Северна Македонија и на европскиот пат и дека се препознаени постигнувањата и резултати за подобрување на институционалниот систем во земјата, што е особено важно при интеграцијата во ЕУ.
Премиерот Заев, се заблагодари за поддршката што Шпанија ја пружаше постојано на евроатланскиот пат на нашата земја и која и во овој актуелен миг доаѓа до израз и со поддршката во процесот за пристапување во членство во ЕУ.
„Граѓаните на Северна Македонија се особено благодарни и вечно ќе го паметат гестот што го направи шпанскиот Сенат кога овозможи електронско гласање на Протоколот за ратификација на членството на Северна Македонија во НАТО, и тоа во исклучително драматични моменти на почетокот на пандемијата“, истакна премиерот .
Премиерот Заев објасни дека тој гест и поддршката на останатите земји-членки на НАТО била охрабрување и за евроинтеграцискиот процес и посветеноста на земјата кон негување и афирмација на европските вредности и спроведување на реформи согласно европските стандарди, особено во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата.
Куенка истакна дека членовите на Сенатот ја препознале важноста на пристапувањето на Северна Македонија во НАТО и затоа со задоволство ги презеле сите пандемиски мерки за да обезбедат електронско гласање за да го затворат процесот на ратификација по што следуваше и формалниот прием на земјата за членка во Алијансата.
Претседателката Куенка потенцираше дека Шпанија продолжува силно да ја поддржува Северна Македонија и на европскиот пат и дека се препознаени постигнувањата и резултати за подобрување на институционалниот систем во земјата, што е особено важно при интеграцијата во ЕУ.