Кога помислуваме на најнечисти места во домот, прво ни текнува на тоалетот и вц-школката. Но, постои нешто многу понечисто од нив.
Верувале или не, ризницата на нечистотии и бактерии се наоѓа во кујната, на едно парче ткаенина, кое го користиме буквално за сè.
Се работи за крпата која ви е при рака кога треба да исчистите нешто што се истурило, да ги избришете рацете по рачното миење садови или да си помогнете кога треба да земете жежок сад во рацете.
Според некои истражувања, кујнската крпа се употребува и по 20 денови без да се испере и тоа е огромна грешка. Голем дел од бактериите не се фатално опасни по човечкото здравје, но може да се случи и да се задржи и ешерихија коли, која може да се пренесе на вашите раце и останатите површини во кујната.
Влажноста уште повеќе ја влошува ситуацијата, а колку повеќе луѓе живеат во тој дом, толку поконтаминирана е кујнската крпа. Понекогаш овие крпи непријатно мирисаат, а тоа е поради комбинацијата на влага, бактерии и остатоци од храна и течности.
Според некоја логика, ваквата крпа треба да ја менувате на секои два до три дена. Замислете што сè има на неа и сигурно ќе го применувате овој совет, за да се заштитите себе и семејството.