За само два дена, повеќе од 100 апликации од млади уметници од Скопје пристигнаа на јавниот повик што го објави Град Скопје, заедно со градските културни институции, за финансирање проекти од областа на културата – „Култура во време на корона“.
Денеска во 18 часот, на покривот на Домот на градежници ќе се одржи и првиот концерт од оваа програма. Младиот скопски музичар и некогашен фронтмен на бендот „The John”, Lepi Xhoni, ќе одржи едночасовен соло концерт за станарите од Градски ѕид. Ги повикуваме нашите сограѓани од околните згради да му дадат поддршка на овој млад скопски уметник.
Концертот ќе биде стримуван на фејсбук страницата на Град Скопје https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs и на официјалниот Youtube канал на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw