Културните работници на протест – без плата за Велигден, бараат одговорност од министерот

од Љубиша Владимиров
69 прегледи

Културните работници утре напладне ќе протестираат пред Министерството за култура и туризам, поради неисплатената мартовска плата. Синдикатот реагира дека вработените останале без средства за велигденските празници, а причината ја гледаат во непочитување на колективните договори и нејасни упатства од министерството.

СДСМ побара оставка од министерот Зоран Љутков, обвинувајќи го за хаосот во секторот и најави за приватизација на културното наследство. Од ВМРО–ДПМНЕ возвратија дека токму СДСМ го партизирало културниот сектор во минатото.

Љутков преку социјалните мрежи се извини и најави исплата на платите по празниците, наведувајќи дека проблемот е последица на системски слабости.

Слични содржини