Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем и Јувентус почнале со документација околу позајмицата на шведскиот репрезентативец Дејан Кулушевски.
Тотенхем претходно се обиде да ги ангажира брзиот фудбалер на „волците“ Адам Траоре (се пресели во Барселона) и крилото на Порто, Луис Дијаз (замина во Ливерпул), за на крајот да се одлучи за 21-годишниот фудбалер на Јувентус.
Договорот е Кулушевски до крајот на сезоната да настапува за Тотенхем како позајмен играч и потоа да потпише перманентен договор на лето.
Кулушевски претходно беше на мета на Арсенал, Евертон, Милан…
Швеѓанецот своевремено настапуваше и за јуниорската репрезентација на Македонија. Неговите родители се од Охрид, но се преселиле во Шведска, каде Дејан го привлече вниманието на фудбалските стручњаци.
Целата професионална кариера ја помина во Италија. Пред Јувентус кратко играше за Аталанта и Парма. За Јувентус одигра вкупно 74 натпревари (55 во Серија А) и постигна девет гола.
Дресот на шведската репрезентација го носеше 20 пати и постигна еден гол.