Кумановец се обидел да шверцува дрога, фатен на „Табановце“

од Берта Китинска
181 прегледи

На 21.09.2021 во 18.45 часот во СВР Куманово бил приведен О.Џ.(27) од Куманово. При контрола, извршена од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР, на граничниот премин Табановце, кај него бил пронајден кокаин. Исто така, било утврдено дека при пасошка контрола приложил фалсификуван негативен ПЦР тест, соопштија од МВР .

По целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.