Куманово бара властите да прогласат карантин на цела територија на општината

од Берта Китинска
168 прегледи

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово одржа состанок во врска со ширењето на коронавирусот, на кој уште еднаш беше повторен ставот дека од владата се бара прогласување целосен карантин на територија на општината.

Покрај тоа било констатирана и потреба од дополнителни количини на дезинфекциони средства (натриум хиперхлоид и дезинтал).

„Од Министерството за здравство и Комисијата за здравство се бара да го засилат човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово и ЈЗУ Општа болница, со зголемување на бројот со стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања“, се вели во заклучоците од дванаесеттиот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Слични содржини