Кумановската болница го надмина проблемот со недостиг на возила за транспорт на итни случаи

од Stefanija Kuzmanovska

Општата болница Куманово го зеде возилото за транспорт на итни случаи кое беше оставено на сервис, а ќе користи и возило од Здравствен дом Липково за потребите на пациентите, соопшти директорката на болницата, Снежана Захариева.

Пациентите од Куманово и општините од североистокот со близу 200.000 пациенти на неколку часа останаа без амбулантно возило за транспорт на итни случаи, бидејќи едното возило добиено со донација, утрово учествуваше во сообраќајна незгода, а останатите две беа на сервис.

„Веќе го добивме возилото кое беше на сервис поради поситен дефект и се договоривме со Здравствен дом Липково да користиме нивно возило за транспорт на итни случаи. И денеска превезовме лице до скопските клиники“, изјави директорката Захариева.

Болницата, со сопствени средства склучила договор и чека на испорака на ново амбулантно возило.

Слични содржини