Кумановските пожарникари гаснеле пожари на повеќе места

од Берта Китинска
131 прегледи

Кумановските пожарникари, изминатово деноноќие гаселе опожарена сува трева во различни села, а интервенирале и на запалено ѓубре, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Опожарена сува трева горела во Романовце од 12.35 до 15.10 часот, во Липково од 15.15 до 17.30 часот, и во село Никуљане од 17.45 до 18.55 часот. Во текот на денот, било запалено ѓубре во населбата Средорек. На сите пожари било делувано со по едно возило и со една противпожарна екипа.