Кумот на Груевски: „Екс-премиерот сакаше да купи и земјиште во близина на крстот на Тоше“

од Nikola Popovski

Кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, Ристо Новачевски денеска сведочеше во случајот „Плацови на Водно“. Тој исто така е обвинет во случајот.

Новачевски информира дека Груевски во 2012 година преку него ја основал фирмата ,,Сирах инжинеринг“, при што му напоменал оти тој ќе биде само управител и дека „целата работа ќе ја води“ Александар Ивановски – Алек Теранова.

Поточно раскажа дека Груевски сакал да купи и земјиште во Крушево, во близина на крстот на Тоше.

– Алек ме информираше дека фирмата ќе има сметка во Стопанска банка – Битола. По извесно време имаше прилив од 300-400 илјади евра. Алек ме имаше информирано дека треба да пристигнат милион или милион и нешто (евра). Тоа се случи во две наврати, наведе обвинетиот Новачевски, кој додаде дека, ни денеска не знае каде се наоѓа тоа земјиште на Водно.

Според обвинението за овој случај, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“. Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за перење пари, а поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.

Слични содржини