Кунде: Барса е следниот чекор во мојата кариера, Чави е причината што дојдов

од Vladimir Zorba

Новото засилување на Барселона, Жил Кунде го даде своето прво интервју по неговото доаѓање кај Каталонците. Дефанзивецот пристигнува од Севиља и се очекува да го подигне нивото на одбраната.

„Многу сум горд и благодарен за оваа можност. Возбуден сум бидејќи пристигнувам во голем клуб. Едвај чекам да се сретнам со моите соиграчи и да почнам да играм. Севиља е исто така голем клуб, но Барса е следниот чекор во мојата кариера. Сакам да се борам за сите трофеи и затоа сум тука“, изјави Кунде.

„За оние кои не ме познаваат, јас сум многу динамичен играч, играм со многу енергија. Можам да ја додадам топката, можам да се бранам, можам да бидам агресивен и давам се од себе на теренот. Тренерот Чави е една од главните причини поради кои сум тука. Разговарав со него неколку пати. На ист начин гледаме на фудбалот. Имам цели, но не поставувам граници“, додаде францускиот интернационалец.

Кунде ги објасни гестикулациите што ги прави кога слави постигнување гол: „Ја сакам кошарката и особено Коби Брајант. Тоа е во негова чест, славам со „Црната мамба“.

Слични содржини