Куновска: Пописот е бенефит за сите, треба да се одржува на секои 4 години

од Nikola Popovski
227 прегледи

„Обидот за попис треба да донесе бенефит за сите. Не знам дали е најдобар тајмингот и методологијата, дали требаше да се потпишеме електронски и ние што сме тука, како што прави дијаспората, но намерата е добра“, вели поранешната пратеничка и членка на СДСМ, Софија Куновска за емисијата „Само вистина“.

Според неа, и во Атина и Спарта постоела евиденција за прецизни статистички операции.

„Луѓето требале да се пребројат колку се на број, требале да си ги пребројат војниците, оружјето. Ние не само што не можеме еднаш во 20 години да го направиме тоа, туку и не сме свесни дека треба да биде рутинска операција на секое 4 години“, истакна Куновска.

Слични содржини