Купена куќата во која Мерлин Монро беше пронајдена мртва

од desk3
78 прегледи

Куќата каде беше пронајдена мртва легендата Мерилин Монро, беше продадена за 7,2 милиони долари, соопшти LABJ News. Ова е прв сопствен дом на ѕвездата, кој таа успеала да го купи неколку месеци пред  смртта. Современиците секогаш  истакнувале дека таа дури и не успеала да се нарадува на еднокатната хациенда во шпански стил. Куќата е изградена во 1929 година и е опколена со високи камени ѕидови, и има 260 квадратни метри. Во времето на Мерилин таа била делумно опремени.

4 месеци пред да биде пронајдена мртва, Мерилин Монро купила големо количество на мебел од Мексико. Легендарниот дом е во соседството на богатите – Брентуд во Лос Анџелес.  Таму е домот на Арнолд Шварценегер, Џејн Симор, Чарли Шин и уште многу други  ѕвезди. За последен пат куќата била продадена во 2010 година за 3,85 милиони долари. А Мерилин за неа платила 75.000 долари.