Курти бара помош од странците: Косово е пред хуманитарна катастрофа

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Поранешниот косовски премиер и претседател на движењето Самоопределување, Албин Курти ги повика амбасадорите во Приштина за нивните држави да помогнат на здравствениот систем на Косово, затоа што, како што вели, тие ќе имаат хуманитарна катастрофа наесен.

„Драги амбасадори и дипломати, овие ставови веќе ги презентирав со вас многу пати на нашите состаноци. Сега, во име на народот на Косово, јавно ве повикувам вас, како и вашите земји, да ги обезбедите здравствените установи на Косово со целата медицинска опрема и човечки ресурси за да ни овозможат да спречиме здравствената криза да се претвори во хуманитарна катастрофа“, напиша Курти во писмото до меѓународните дипломати.

Тој изјави дека епидемиолошката состојба во последните два месеци во Косово станала драматична, дека досега починале 341 лица, заразени се 10.419 и дека има 4.020 активни случаи.

„Во последните две недели имавме просечно по десет смртни случаи на ден, прво место по бројот на смртни случаи од Ковид 19 на милион жители“, рече Курти, додавајќи дека има стотици позитивни случаи на Косово секој ден, со повеќе од 50 позитивни меѓу тестираните.

Тврди дека повеќе нема места во болниците, дека сите единици за интензивна нега се окупирани, додека лекарите, специјалистите и медицинските сестри работат дење и ноќе под огромен притисок и стрес.

„Повеќе од 1.000 здравствени работници досега се заразени. Ако продолжи оваа драматична состојба, наскоро ќе ни недостасува доволно кислород за да ги спасиме пациентите. Бидејќи научниците предвидуваат зголемување на инфекциите во есен и зима, ситуацијата ќе се влоши понатаму, предизвикувајќи хуманитарна катастрофа“, подвлече Курти во своето писмо.

Слични содржини