Курти доби писмо од ЕУ, со едно барање

од Nikola Popovski

Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, му испратил писмо на косовскиот премиер Албин Курти, во кое, меѓу другото, побара брзо продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Вархеји изјавил дека претворањето на европската перспектива на Косово во реалност бара брзо продолжување на дијалогот, со поддршка на ЕУ и сеопфатно нормализирање на односите со Србија.

Како што објави порталот „Телеграфи“, еврокомесарот во оваа прилика му честитал на Курти за формирањето на новата влада.

„На изборите во февруари, на народот на Косово му беше даден силен мандат за реформи за зајакнување на владеењето на правото и унапредување на социо-економскиот развој, како и ориентација кон позелена економија. Европската унија е подготвена да ве поддржи во овој поглед “, напишал Вархеји.

Тој исто така посочил дека борбата против пандемијата останува главен приоритет во догледно време.

„ЕУ веќе обезбеди значителна помош и ќе продолжи да стои покрај Косово во ова предизвикувачко време“, рекол еврокомесарот.

Слични содржини