Курти: Договорот од Вашингтон е неприменлив

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на Самоопределување, Албин Курти смета дека договорот на Вашингтон со Србија е неприменлив и дека дури и кога бил потпишан, тој не бил наменет да се спроведе.

Тој рече дека преовладувачкиот контекст на договорот се претседателските избори во САД и дека обврските потпишани од двете страни немаат голема врска со Албанците и Србите.

Курти рече дека договорот од Вашингтон изгледа како составен текст во кој, како што наведе, тој што пишувал, ги замолил сите во собата да споменат што заборавиле, пренесува „Косово онлајн“

„И тогаш тие се одлучија за сите тие работи, како што се 5G, Хезболах, Српската православна црква, преместувањето на амбасадите од Тел Авив во Ерусалим, признавањето на Косово од страна на Израел, исчезнатите лица, раселените лица и бегалците, автопатите, железниците, езерото Газивода, прекинување на потрагата по признавање и членство во меѓународни организации, признавање на дипломи што веќе се потпишани во Брисел, таканаречен мини-Шенген, Американска банка за развој во Белград“, изјави Курти.

Затоа, додаде тој, неговиот впечаток е дека немало намера да се спроведува договорот, како и дека тој не е наменет за спроведување.

Покрај тоа, Курти рече дека едногодишниот мораториум на членството во меѓународните организации му штети на Косово.

loading...

Слични содржини