Курти: ЕК пред Европскиот парламент доставила список со мерки против Косово

од Stefanija Kuzmanovska
680 прегледи

Премиерот на Косово Албин Курти денеска потврди дека Европската комисија пред Европскиот парламент доставила список со мерки против Косово.

Курти на состанокот на владата во Приштина рече дека Европската комисија ги презентирала мерките во средата и наведе дека Приштина е „најискрениот и најстабилен сојузник и партнер“ на ЕУ во регионот поради „нејзините европски вредности, демократски принципи и долгорочни интереси“, пренесе „Репортери“.

Тој рече дека Приштина во некои случаи била критична кон ЕУ, но никогаш цинична или огорчена и дека ја цени поддршката и помошта на Европската унија во изминатите години.

Слични содржини