Курти: ЕУ треба да најде механизам договорот да го направи правно обврзувачки

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека ЕУ треба да најде механизам договорот постигнат во Охрид за анекс за имплементација да биде правно и меѓународно обврзувачки.

Курти на Твитер им се заблагодари на европските и американските посредници за нивната посветеност, како и на Северна Македонија за топлото гостопримство.

„Отидовме во Охрид со добри намери и покажавме верба на вчерашните средби. Им благодарам на високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел, на претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак и на американскиот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар за нивната посветеност“, напиша Курти на Твитер.

Слични содржини