Курти го обвини Лајчак дека „се позиционира против Косово“

од Vladimir Zorba

Косовскиот премиер Албин Курти го обвини Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Приштина и Белград, дека „зазема позиција“ против Косово.

На прес-конференција во Приштина deneska, Курти рече дека за време на последната рунда од дијалогот Лајчак „имал јасна позиција против Косово воопшто, а особено против Договорот (за нормализација на односите)“.

Тој рече и дека му се чини дека „има координација“ меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и Лајчак за да се создаде „алтернативно сценарио во кое половина од договорот нема да се спроведе“.

„Во наредните денови дефинитивно ќе имам средби со сите меѓународни фактори кои ја прифатија државата Косово и кои сакаат да ни помогнат и поддржат во демократското државно градење, социо-економскиот развој, но и со меѓународните признавања, особено во однос на нормализирање на односите со Србија. Сега имаме решение: тоа е Основниот договор и де факто меѓусебно признавање“, рече Курти.

На прашањето дали ќе побара смена на Лајчак од функцијата специјален пратеник, Курти рече дека поднесува извештај до Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент.

„Верувам дека тоа што го кажавме во последните денови, а особено денеска е повеќе од доволно тој да одговора (пред европските институции)“, рече Курти.

Косовскиот премиер ги отфрли тврдењата на Брисел дека не го прифаќа планот и изјави дека на средбата го предложил и својот „конкретен предлог“. Тој рече дека неговиот предлог за спроведување на договорот е „инклузивен“, а секој член треба да се применува за да не се блокираат другите.

Од друга страна, Борел на 14 септември изјави дека Курти најпрво сака политички аспект на нормализацијата, додека Србија сака да започне со формирање на Заедницата.

Курти додаде дека побарал од ЕУ да укаже дали Србија ја доставила својата верзија на документот за спроведување на договорот, но дека на крајот му бил даден документот од 19 јули, кој бил одбиен на средбата на главните преговарачи.

Тој рече дека неговиот предлог за спроведување на договорот е „инклузивен“, а секој член треба да се применува за да не се блокираат другите.

На прашањето што ќе се случи со казнените мерки на ЕУ против Косово, Курти рече дека тензиите на северот на Косово се намалени, дека Косово презело чекори кон деескалација и дека смета дека тоа е доволно за да се откажат овие мерки.

За последната криза на северот на Косово, ЕУ ја префрли одговорноста на владата на Курти и воведе привремени казнени мерки во форма на привремен прекин на работата на Договорот за стабилизација и асоцијација. Исто така, беше суспендирано присуството на Косово на настани на високо ниво и билатерални посети.

Слични содржини