Курти: Гренел е на страната на Србија

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти вечерва објави дека американскиот специјален претставник на претседателот на САД, Ричард Гренел е на српска страна и ги има истите ставови како и раководството во Белград.

Според него, во однос на укинувањето на даноците и реципроцитетот, Гренел е близу до позицијата на Србија.

„Американскиот емисар Гренел не е помеѓу Косово и Србија; тој е на позицијата во Белград кога станува збор за укинување на даноците и реципроцитетот“, рече Курти за РТК.

Пред неколку дена, тој на он-лајн конференција со меѓународните медиуми изјави дека Гренел бил директно вклучен во тековната криза и во исто време немал неутрален став кога станува збор за формирање нова косовска влада и дека тој имал значајна улога во соборувањето на неговата влада.