Курти: Ќе го намалиме полициското присуство на северот кога ќе си заминат криминалните групи

од Stefanija Kuzmanovska
991 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека тензичната ситуација на северот на земјата е резултат на „вооружени групи, кои се преправаат дека се демонстранти, а всушност се криминални банди на Србија“.

„Се разбира, можам да предвидам намалување на присуството на косовската полиција во општинските згради на северот, кога овие криминални банди на национализам и екстремно десничарски шовинизам, кои ги обожаваат Милошевиќ и Путин, ќе си заминат“, рече Курти во изјавата пред новинарите, јавува „Радио Слободна Европа“.

Додава дека опциите се следниве: „Или нека одат во Србија или ќе мора да ги однесеме во затвор“.

„Меѓутоа, нема шанси да не ги заштитиме имотите и зградите на Републиката од такви банди. Откако ќе заминат или ќе бидат затворени, можеме да ја намалиме присутноста“, рече Курти.

Слични содржини