Курти: Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани

од Milan1

Косовскиот премиер Албин Курти преку својот Фејсбук профил соопшти дека денешната акција на косовската полиција е насочена против шверц во Приштина, Пеќ и во северниот и во јужниот дел на Косовска Митровица.

Курти потврди дека полициската акција е завршена и ги повика граѓаните во северниот дел од Косовска Митровица да не потпаѓаат под влијание на медиумите во Србија.

„Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани и ќе бидат сузбиени. Ќе се бориме против шверцот и ќе го спречиме тоа”, напиша Курти.

 

Слични содржини