262
Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека го интересира кој е судијата кој го пушти во домашен притвор Дејан Пантиќ, бидејќи, како што вели, Пантиќ бил обвинет за тероризам, пренесува „Репортери“.
„Тој има статус на притвореник, но е обвинет за тероризам. Бидејќи штрајкуваше со глад и имаше проблеми со срцето, можеше да биде однесен во болница. Дали е тоа разумно? Ме интересира кој е судијата кој донел таква одлука“, навел Курти.