Курти најави укинување на таксите од 15 март

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти најави на вонредна конференција укинување на даноците на суровини од Србија и БиХ од 15 март.

Курти додаде дека, доколку Србија покаже добра волја, тие се подготвени да ги укинат целосно таксите во рок од 90 дена од 1 април.

Тој ја повика Србија да престане со кампањата за повлекување на признавањето за независност на Косово или во споритвност ќе воведе реципрочни мерки.

Данокот на стоки од Србија ќе биде повторно вратен на 15 јуни, доколку Србија „не ја прекине кампањата“.

„Имав средба со вицепремиерот Хоти и детално го информирав за укинувањето на даноците на суровините и реципроцитетот од друга страна“, рече Курти.

Тој го опиша овој потег како „знак на добра волја на косовската страна за решавање на проблемите и односите“.

Курти додаде дека ги слушнал барањата на меѓународните фактори, но должен е да ги заштити интересите на граѓаните на Косово.

„Ги слушам внимателно барањата на меѓународните актери, јас сум многу трпелив и соработувам, но на крајот сум Премиер на Косово, повикан сум да ги штитам интересите на граѓаните на Косово. Мојата безусловна лојалност е поврзана со стотици илјади гласачи и пред сè, на нив секогаш одговарам во координација со меѓународната заедница“, рече Курти.

Во оваа прилика, Курти побара од Европската унија визна либерализација пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб.