Курти нема да се занимава со проблемите на Албанците во Македонија, смета Тачи

од Nikola Popovski
322 прегледи

„Не верувам дека Албин Курти ќе се занимава со проблемите на Албанците во Македонија. Косово како држава си има свои проблеми, пред се односите со Србија и корупцијата во земјата“, вели претседателот на ДПА, Мендух Тачи, во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Според него, изборот на Курти за премиер на Косово нема да има некакво влијание во Македонија.

„Политичката реалност на Албанците во Македонија е поинаква од политичката реалност на Албанците во Косово. Мислам дека помина времето кога имаше големо засплашување дека Албанците во одреден момент ќе бидат во една држава. Сакам да кажам дека ништо нема да зависи за Албанците од Македонија од Рама или Курти или било кој политички лидер“, рече Тачи.

Слични содржини