Косовскиот премиер Албин Курти денеска ги прими францускиот амбасадор во Косово, Оливие Геро, и заменик германскиот амбасадор во Косово, Матијас Конрад.
Курти, како што пренесува косовскиот печат, во таа прилика рекол дека е неопходно да се воспостави закон на северот на Косово.
Според соопштението од кабинетот на Курти, на средбата се разговарало за последните случувања во три општини на северот.
„Тие се согласија за виталната важност за деескалација на ситуацијата. Премиерот ги информираше за високиот професионализам и неоспорниот интегритет на косовската полиција во управувањето со ситуацијата без никакви грешки. Курти рече дека целосното воспоставување на владеењето на правото во четирите општини на северот на Косово е неопходно за елиминирање на криминалните елементи, како и за отворена и искрена кампања пред слободни и демократски избори во иднина“, се вели во соопштението.
Нагласена е и потребата од целосно, брзо и безусловно спроведување на Основниот договор и неговиот анекс во рамките на бриселскиот дијалог меѓу Белград и Приштина.