129
Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, кој е претендент за нов премиер на Косово, рече дека очекува новиот комесар на ЕУ за надворешна политика Жозеф Борел да се дистанцира од политиката на Федерика Могерини, која „посредуваше во тајните разговори меѓу Александар Вучиќ и Хашим Тачи за размена на територии“.
Во интервју за порталот Нова перспектива, Курти рече дека политиката на Могерини покренала многу прашања во процесот на дијалогот Белград-Приштина, за кои рече дека сега треба да се затворат.
Според Курти, Могерини посредувала во тајните разговори помеѓу српскиот и косовскиот претседател за размена на територии.
– Сакам да видам дали Борел ќе се повлече од политиката на Могерини. Важно е да се знае тоа, рече Курти.