Курти: Oчекував поинаков резултат

од Milan1

Премиерот на Косово и лидер на Самоопределување, Албин Курти, денеска изјави дека очекувал поинаков резултат од локалните избори одржани во неделата, но и дека ќе анализира што точно се случило во наредните денови, пренесува „Коха“.

„Како лидер на Самоопределување, задоволен сум што гледам толку многу кандидати во вториот круг, како и голем број советници низ Косово. Подготвен сум да соработувам со секоја општина. Ова е голема победа за демократијата. Од вечерва ќе започнам да се среќавам со кандидатите на Движењето кои влегоа во вториот круг“, рече Курти.

Тој додаде дека изборите беа слободни, демократски и фер, без инциденти.

„Сите жалби ќе бидат решени од надлежните органи. Како премиер, јас сум многу горд што имавме европски пријатели кои ја набудуваа нашата демократија, која може да послужи како пример за земјите во регионот и пошироко“, изјави Курти.

За потсетување, Самоопределување не освои ниту една општина самостојно, односно оди во втор круг во 12 општини.

Слични содржини