Курти повика на осуда на Србија бидејќи не го потпишала договорот

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти оцени дека меѓународната заедница треба да ја осуди Србија поради одбивањето да го потпише европскиот предлог за нормализација на односите и Анексот за негово спроведување.

Во изјавата за новинарите во Приштина на 21 март, Курти рече дека Косово ги смета овие два документа за договори, иако српскиот претседател Александар Вучиќ одбил да ги потпише.

Курти и Вучиќ на средбата во Охрид на 18 март го прифатија Анексот за имплементација на европскиот предлог, а високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика, Жозеп Борел, рече дека тој станал правно обврзувачки во моментот кога Европската унија излегла со соопштение.

Во меѓувреме, српскиот претседател Вучиќ рече дека во Охрид не потпишал никаков документ „бидејќи Србија е меѓународно призната држава, а Косово не“, и дека меѓународно правен договор не може да се направи.

Тој рече и дека нема да имплементира „ништо поврзано со членството на Косово во Обединетите нации“.

Од друга страна, премиерот Курти очекува меѓународната заедница да ги осуди ваквите изјави.

Слични содржини