
Косовската влада постави две „црвени линии“ во дијалогот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово – тема на дијалогот не може да бидат прашања поврзани со територијалниот интегритет и суверенитет и прашањата во врска со регулацијата и внатрешното функционирање на Косово.
Овие теми се опфатени со владината програма Курти, која беше усвоена на седницата во петокот и нема да се најде на преговарачката маса, пишува денес „Коха диторе“.
Како што додава весникот, за време на фазата на преговори насочена кон конечен договор, извршната власт се позиционира против какво било „менување на границите“ за кое се залагаше косовскиот претседател Хашим Тачи, како и против Заедницата на српските општини (ЗСО) – механизам што Србија инсистира да има извршни овластувања.
„Единствениот карактер на Република Косово е неприкосновен“, се наведува во владината програма.
Копија од тој документ обезбеди „Коха Диторе“.
„Создавањето на трет управен орган за населени места со специфично етничко население е спротивно на духот на Уставот на Република Косово и затоа нема да биде поддржано од Владата на Република Косово“.