Курти: Влезот на српските сили во Косово – агресија и намера за дестабилизација

од Vladimir Zorba
544 прегледи

Косовскиот премиер, Албин Курти го оквалификува како агресија и намера за дестабилизација на земјата од страна на Србија, денешното приведување на тројца припадници на Полицијата на Косово, за кои властите и медиумите во Приштина тврдат дека биле киднапирани од маскирани припадници на српски сили на косовска територија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти побара итно ослободување на косовските полицајци и ја повика меѓународната заедница да го осуди инцидентот предизвикан од Србија, за кој вели дека „претставува агресија и намера за ескалација и дестабилизација“

Според косовскиот премиер, тројцата косовски полицајци се киднапирани денеска во Лепосавиќ, во северно Косово, на место каде што некогаш имало илегален пат за кријумчарење стоки од Србија, а кое се наоѓа 300 метри внатре во триторијата на Косово.

– Се сомневаме дека тие се киднапирани од војската на Србија, јасно како одмазда на војската на Србија за вчерашното апсење на злогласниот српски криминалец, Милун Миленковиќ – Луне, кој се појавува како еден од челниците на организираниот криминал и шверцот. Полицијата на Косово се покажа мошне воздржана последните недели. Влезот на српските сили претставува агресија и намера за ескалација и дестабилизација. Бараме итно ослободување на киднапираните полицајци и апелираме до меѓународните фактори да го осудат овој чин на агресија од страна на Србија, напиша Курти.

Слични содржини