Куртоа: Потпишав за најдобриот клуб во светот

од desk2

Голманот Тибо Куртоа на претставувањето во Реал Мадрид истакна дека со доаѓањето во „кралскиот“ клуб му се исполнил сонот.

Голманот ги заврши сите формалности околку трансферот од Челзи во Реал и шпанскиот клуб денеска и официјално го претстави.

Тибо Куртоа денеска ја започнува втората авантура во Мадрид во неговата кариера, откако од 2011 до 2014 година настапуваше во дресот на Атлетико Мадрид, со кого успеа да ја освои шпанската лига.

„Доаѓањето во најдобриот клуб на светот е голема одговорност, но и гордост. Немате претстава колку сум среќен. Сакам да му се заблагодарам на Реал за сите напори кои ги вложи и на сите луѓе кои ми помогнаа да дојдам овде“, истакна Куртоа.

Белгискиот репрезентативец потпиша шестгодишен договор, а Челзи од овој трансфер ќе заработи околу 40 милиони евра.

Слични содржини