Курц: Јавен труд за мигрантите и без бурка за да не им паднат на ум глупави идеи

од desk3
113 прегледи

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц се прогласи за воведување на забрана на бурката во земјата и наметнување на општествено корисна работа за бегалците. Курц смета дека треба да се воведе т.н. “труд за 1 евро” за бегалците, и да се намалат социјалните помошти.

burkaprams

Сите овие мерки дипломатот сака да ги постигне со новиот закон за интеграција, кој треба да биде изготвен во следните шест месеци. Во однос на општествено корисна работа тој треба да ги опфаќа активностите кои се поврзани со одржување на јавните места, помош на барателите на азил, како и работа во социјалните центри. Дирекцијата за вработување мора да биде посредник. Секој кој одбива општествено корисна работа автоматски ќе биде изведен пред заканата од намалување на социјалните права, истакна Курц. “Многу е важно бегалците да почнат со работа, бидејќи ако постојано седат дома или на клупите во парковите, можат да им паднат на ум глупави идеи”, рече тој.

Курц рече дека тоа “не е религиозен симбол, туку симбол на паралелното општество”, пренесе МИА.