Курц не му одговорил на пораките: Малолетник со потекло од Македонија се заканил со терористички напад во Виена

од Nikola Popovski
419 прегледи

Австриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло поради закана за терористички напад во центарот на Виена.

Малолетникот, бидејќи не добил одговор на „онлајн чатувањето“ со канцеларот Себастијан Курц, рекол дека ќе изврши терористички напад врз Виенската катедрала Штефансдом вчера во 13 часот, пишуваат австриските медиуми.

Откако бил утврден идентитетот на лицето кое ги искажало заканите на „четот“, полицијата го спровела апсењето преку нивните специјални единици.

Младиот човек досега не ѝ бил познат на полицијата, а полициските службеници во моментов проверуваат дали неговата закана е поврзана со исламскиот тероризам.

По апсењето, малолетникот изјавил дека нема намера да ја изврши својата закана и дека наводно станува збор за „шега“.

Тој исто така изјавил дека не бил свесен за последиците од неговите постапки. Детето сега е во истражен затвор, а полицијата спроведува понатамошна истрага.

По терористичкиот напад во ноември, австриската полиција многу сериозно ја сфаќа секоја закана и дејствува многу побрзо од порано.

Терористичкиот напад, во кој беа убиени четири лица, а дваесетина беа повредени, го изврши Австриецот со албанско-македонско потекло, Кујтим Фејзулаи.

Слични содржини