“Ќути Шарка, ќууут!“, ѝ дофрлаше Владанка Авировиќ на Софија Куновска на комисијата за поплавите во Собрание

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Сељачизам ли во македонскиот парламент?54545454

Со кавга, недолични коментари, навреди и вулгарен речник, кои на моменти предизвикаа жестоки реакции кај некои пратеници, беше спречена да почне надзорната расправа во собраниската Комисија за земјоделство, за причините и тешките последици од поплавите под Скопска Црна Гора, пренесува СДК.

 

 Членовите на комисијата се пазареа околу минутажата за зборување. Беа повикани 33 сведока, меѓу кои и вицепремиерот Никола Тодоров, тогашниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, на Гази Баба Тони Трајковски и други, за кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа поголема минутажа при одговарање на прашањата што ќе им бидат поставувани.

По првата од неколкуте паузи, Тодоров веќе не се врати, па на прашањата “Кај е Тодоров?“, “Ќе го викнете ли Тодоров?“ на пратеничката на СДСМ Софија Куновска, од место во таа тензична атмосфера колешката од Социјалистичката партија Владанка Авировиќ ѝ дофрлаше: “Ќути, Шарка!“, “Шареее, ќууут!“.