Кузеска: Антикризни мерки за помош на над 200.000 граѓани

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Владата и институциите предводени од СДСМ преземаат навремени и ефикасни мерки за справување со последиците од економската и енергетската криза. Донесен е пакет антикризни мерки од над 350 милиони евра, пари со кои ќе се помогнат граѓаните во време на економска криза, изјави денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Над 200.000 граѓани од ранливите категории, меѓу кои примателите на гарантирана минимална помош, пензионери со ниски пензии, самохрани родители, стечајци, ќе добиваат финансиска поддршка во следите четири месеци.

Се проширува поддршката на компании кои се корисници на кредитно – гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, тука е и нова кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва, како и зголемен поврат на ДДВ со скратен рок од помалку од 30 дена.

Донесен е пакет антикризни мерки од над 350 милиони евра, пари со кои ќе се помогнат граѓаните во време на економска криза.

Над 200.000 граѓани од ранливите категории, меѓу кои примателите на гарантирана минимална помош, пензионери со ниски пензии, самохрани родители, стечајци, ќе добиваат финансиска поддршка во следите четири месеци.

Се проширува поддршката на компании кои се корисници на кредитно – гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, тука е и нова кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва, како и зголемен поврат на ДДВ со скратен рок од помалку од 30 дена“, истакна Кузеска.

Слични содржини