Срамна е вчерашанта реакција на МВР во која се вели дека Бисовски бил ослободен заради тоа што тепаниот полицаец не сакал да тужи. Оваа лага денес ќе ја демантираме со нови информации за тоа која е вистинската причина за ослободување на Бисовски. Бидејќи Тошковски не сакаше да каже СДСМ ќе ги објави информациите кои се доставени до нас од свиркачи. Според овие информации целата операција е политички водена од врвот на МВР и Мицкоски, а крајната цел, е телохранителот на Мицкоски да биде унапреден во Командир на специјалната единица Тигар, обвини денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Вчера СДСМ на прес-конференција обвини дека лично министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го ослободил Бисовски за инцидентот. Меѓутоа од МВР велат дека внатрешната контрола во комисија составена од 3 члена согледувајќи ги сите факти и ценејќи ги сите докази утврдило дека полицискиот службеник И.Б. не е одговорен бидејќи за настанот пред кафе барот Мош за Бисовски не се презема кривично гонење.
Според Кузеска, доколку останела дисциплинската постапка и Бисовски бил казнет, тоа немало да биде возможно.
Вели дека целиот план е ова да се случи во три фази, првата е ослободување на Бисовски од одговорност која веќе е завршена.
-Втората фаза е негово поставување на позиција самостоен инспектор која е во тек. Денес го прашуваме Тошковски, дали пред неколку дена е распишан оглас за самостоен инспектор токму за Бисовски? Доколку Бисовски биде избран на овој оглас ќе се потврди целата шема која е договорена и се реализира.
Следната и последна фаза требало да биде негов избор за Командир на САЕ Тигар. Ова е класичен случај како се ослободува од вина, се заташкува случај за некој да се унапреди по партиска линија.
Наместо професионализација, во МВР се случува партизација од најдолен вид.
Апелираме дека партаизација на овој начин, со лице кое е виновно за напад на полицајци, кое е телохранител на Мицкоски под чиј диктат се прави целата ооперација, е најбрутална партизација на клучните безбедносни единици во државата.
Им порачуваме на Тошковски и Мицкоски итно да се повлечат од оваа идеја и во професионална постапка да изберат професионални и чисти кадри на раководни позиции во МВР. Оваа брутална партизација со тепачи и телохранители е доказ дека ВМРО-МВРО е единствената цел на Мицкоски.
Со Тошковски и ДПМНЕ нема правда ниту одговорност а полицијата е сведена на инструмент за политички цели а не во служба на граѓаните, стои во изјавата на портпаролката на СДСМ.