Кузеска: Економските политики на Владата даваат резултати

од Vladimir Zorba
199 прегледи

„СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, останува посветена на унапредување на економскиот стандард на сите граѓани“, соопшти Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

„Со новиот Општ колективен договор, околу 130.000 вработени во јавниот сектор од септември оваа година ќе добиваат плати зголемени за 10 отсто.

Покрај ова, до крајот на годината ќе им се исплати и регрес за годишен одмор во висина од 10.000 денари.

Со Општиот колективен договор, потпишан по цели 15 години се обезбедува и нова методологија за постојан раст на платите во јавниот сектор, што повеќе никогаш нема да зависи од нечија полиитчка волја.

Истовремено, постигнат е договор и со вработените во Управата за јавни приходи.

Веќе со јулската плата, 900 лица вработени во Управата ќе добијат зголемени плати за 30 отсто.

Овие зголемувања ќе влијаат и на раст на просечната плата која сега е на ниво од над 36.00 денари.

Покрај платите, растат и пензиите. Во септември, согласно закон, следува ново зголемување на пензиите, кое е проектирано на околу шест отсто.

Со септемвриската пензија, 330.000 пензионери ќе имаат повисоки месечни примања.

Ова е уште една потврда за успешноста на економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ – инфлацијата се намалува, платите и пензиите растат.

Преку одговорен, посветен пристап, обезбедуваме услови за развојна и стабилна економија и подобар животен стандард за сите“, порачаа таа на денешната прес-конференција.

Слични содржини