Кузеска: Незаконската аболиција на Иванов пропадна (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
164 прегледи

„Голема победа на правдата, на правната држава и аргументите на Владата. Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска потврди дека апликациите на седум поранешни функционери на ВМРО-ДМПНЕ се недозволени. Ја поздравуваме оваа одлука важна за правдата и независниот правосуден систем“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Незаконската аболиција на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов пропадна.

Оваа одлука на Судот во Стразбур е важна затоа што не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите од некогашниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ изгуби во Стразбур. Нивниот обид за ништење на правната држава, уште еднаш, се покажа неуспешен“, истакна таа.

Слични содржини