Предлог-Законот за попис кој е во собраниска процедура, овозможуваме спроведување на пописот според највисоките меѓународни стандарди на ЕУ, статистичка операција која ќе ја реализира Државниот завод за статистика. Со Предлог Законот за попис, имаме за цел, оваа статистичка операција повеќе никогаш да не се третира како политичко прашање, туку како оперативно-статистичко, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Таа напомнеува дека пописот нема и не смее да зависи од волјата на политичките партии и лидери.
-.Со илјадници амандмани ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Собранието ги кочат дополнувањата на Деловникот кои имаат за цел да обезбедат работа од далечина на пратениците кои се во изолација поради ковид 19. Со стотици амандмани ги кочат измените на Законот за здравствена заштита и Законот за внатрешни работи. Ништо конструктивно од ВМРО-ДПМНЕ, само блокади, кочења и деструкција.Оваа операција не смее да се политизира ниту да се одложува. Сите пратеници во Собранието, особено оние од опозицијата треба да се водат од одговорноста пред граѓаните и државата и предлог Законот за попис да биде усвоен, вели Кузеска.