Кузеска: Преговараме и со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на мнозинството

од Nikola Popovski
299 прегледи

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска откри дека нема тајни моменти во преговорите со Алтернатива, за зголемување на владиното мнозинство.

-Се преговара. Ќе се одржат состаноци. Во преговори сме со сите политички партии, кои што и во четвртокот потврдија дека сакаат земјата да оди напред и со пратениците кои сакаат да одат напред. Станува збор и за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои што сакаат државата да се движи во нагорна линија и кои беа против одлуките за гласање недоверба на владата во четвртокот. Соочени бевме со низа лаги од опозицијата, информира Кузеска во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини