СДСМ вложува, гради, инвестира во секоја општина, во она што им потребно на граѓаните, од патна инфраструктура, современи училишта и градинки, здравствени установи, спортски сали, базени. Наспроти неспособноста на локалната власт и градоначалниците на ДПМНЕ во над 40 општини општини СДСМ инвестира во секоја општина ширум државата, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„СДСМ инвестира 265 милиони евра за 686 проекти во сите општини. Тоа е повеќе за сите.
1. Со одлука на Владата и мнозинството пратеници на СДСМ веќе се обезбедени 32,5 милиони евра, за 66 проекти од локален интерес за 44 општини.
66 проекти за подобри патишта, училишта, градинки, спортски и културни објекти, здравствени установи, културни домови и друго.
2. Преку буџетските Програми за рамномерен регионален развој финансиравме 135 проекти во општините и во планските региони во вредност од 14 милиони евра.
3. Преки петте ИПА Програми за прекугранична соработка се финансирани 192 проекти во вредност од 60 милиони евра.
4. Преку програмата ТАВ обезбедивме реализација на вкупно 94 инфраструктурни проекти во општините во целата држава, со вкупна вредност од 50 милиони евра.
Тоа се проекти за водоводи, канализации, патишта и улици, спортски сали, здравствени објекти, градинки, младински центри и други објекти кои се наменети исклучиво за потребите на граѓаните.
5. Преку Министерството за транспорт и врски реализираме 81 проект за локални патишта во вредност од 63 милиони евра.
6. 118 комунални проекти, канализации, водоводи, пречистителни станици реализираме во вредност од 46 милиони евра преку Министерството за животна средна.
Со вложувањето во општините СДСМ го подобрува животниот стандард, обезбедуваме рамномерен регионален развој, ја развиваме економијата.
Додека ДПМНЕ за 2 години нема ниту еден реализиран проект СДСМ е тука за граѓаните во сите општини.
Со СДСМ секој добива повеќе затоа што секој заслужува да има пристојни услови за живот во своето место на живеење“, наведе Кузеска.