Кузеска: СДСМ се менува и победува, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица

од Берта Китинска
244 прегледи

По 26 Конгрес којшто се одржа вчера и ​ донесе кадровски освежувања во највисоките партиски органи, СДСМ започнува ново четиригодишно поглавје за напредокот на македонската држава и подобра иднина на сите граѓани, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

-Овој состав е нова свежина, нова енергија и младост и гарант дека промените во СДСМ не се случајни, туку се континуитет со кој уште подобро и посветено им служиме на граѓаните и државата.

СДСМ победува затоа што постојано се менува. За жал, тоа не е случај кај останатите политички партии, особено кај ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ наместо да биде конструктивна партија и натаму останува заробена во режимската матрица, слугува на наредбите од Будимпешта, во континуитет се деструктивни без да размислуваат за интересите на граѓаните, вели Кузеска.

Слични содржини