Мицкоски, Арсовска, ВМРО ДПМНЕ, најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра, Скопје, го доведоа до банкрот, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска после пласираните информации во јавноста дека Град Скопје е со блокирана сметка.
Кузеска потенцира дека празната каса на Град Скопје значи и помалку пари за јавните претпријатија.
-Јавниот превоз е во колапс, вработените во ЈСП веќе еднаш штрајкуваа, протест имаше и во ЈП Комунална Хигиена, а катастрофална е ситуацијата и во „Водовод и канализација“ во Градски Паркинг и останатите претпријатија и установи под надлежност на Град Скопје, рече портпаролката и додавa:
-Како може да нема ниту еден, повторувам ниту еден реализиран проект, а градот да биде без пари? Сè брцале раце во медот? Расипнички се трошело?, праша Кузеска.
Информира Светничката група на СДСМ и коалицијата ќе побара свикување на итна седница на Советот со единствена точка на дневен ред расправа за актуелната финансиска состојба во Градот.
-Од Арсовска, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ќе побараме одговори и образложенија, кажа Кузеска на прес-конференција.
Град Скопје вчера во соопштение до јавноста тврди дека сметката не е блокирана и дека не е загрозено материјално-финансиското работење на администрацијата, но истакнаа дека има неплатени долгови кои датираат од времето на поранешниот градоначаник Коце Трајановски. Во соопштението од Градот Скопје пишува дека во последната година успеале да го врати својот кредитен рејтинг на највисоко ниво во последниве петнаесет години.