Полицаецот Ивица Бисовски, кој беше дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски, и кој тепаше друг полицаец пред кафе барот Мош во Скопје, министерот за внатрешни работи Тошковски го ослободил од одговорност, соопштија денеска од СДСМ на прес конференција што ја одржа портпаролката Богданка Кузеска.
Како што потсети Кузеска, сериозниот инцидент, се случи во февруари 2024 година, а натепан беше полицаец, инспектор во НТШ додека спроведувал акција против дрога.
-Беше поведена дисциплинска постапка и комисија а лично Тошковски најавуваше и кривични пријави. Се случи спротивно. Тошковски го ослободува Бисовски. Иако Комисијата за дисципинска постапка побарала Бисовски да биде казнет, лично Панче Тошковски го ослободува бодигардот на Мицкоски од одговорност. “Одреден припадник на МВР сторил насилство со што ја погазил честа на службите во Министерството, па и честа на Македонија“ Вака зборуваше Тошковски на 19 февруари како технички министер, веднаш по инцидентот. Епа министре Тошковски вие денеска не само што го погазивте зборот, ја погазивте честа и угледот на целото МВР, на сите полицајци, рече Кузеска.
Таа побара Тошковски да и објсани на јавноста дали одлуката е донесена по налог на Христијан Мицкоски, и најави дека ако Тошкоски не даде објаснување, СДСМ ќе ги дал одговрите пред јавноста.